Повеќе од сто Мароканци допливаа до шпанската енклава во Северна Африка

Повеќе од сто Мароканци, вклучително и две семејства со деца, испливаа до Сеута, соопштија денеска властите во шпанската енклава во Северна Африка.

– Групи Мароканци пристигнаа рано утрово во градот Сеута, пливајќи околу насипот во пограничната област позната како Бенц, како и неколку десетици луѓе кои пристигнаа на плажата Тарахал, изјави портпаролот на делегацијата на шпанската влада во Сеута.

Тој рече дека не може да наведе точен број, но дека има „повеќе од 100″ и дека полицијата ги идентификува.

Исто така посочи дека шпанските власти биле во контакт со нивните марокански колеги, но дека е рано да се каже дали Мароканците ќе бидат депортирани.

Илјадници африкански мигранти секоја година се обидуваат да влезат во шпанските енклави Сеута и Мелиља, во надеж за подобар живот во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот