Повеќе од пет тони кокаин требале да бидат доставени во Солун за которскиот клан

Заплена на кокаин / фото: МИА

Повеќе од пет тони кокаин од бродот Ареса требало да бидат доставени во Солун, од каде требало да биде преземен од членови на которскиот клан, објави подгоричкиот весник „Дан”. Холандската полиција ја заплени дрогата.

Полицијата се уште не утврдила на кој од двата которски клана припаѓаат лицата кои биле задолжени да ја преземат дрогата во Грција. Пратката се поврзува и со убиството на водачите на Шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина, посочуваат грчките медиуми.

На бродот Ареса во Венецуела беа уапсени четворица црногорски државјани, што било дел од повеќемесечна меѓународна акција, иницирана од црногорската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот