Повеќе од двесте илјади луѓе починаа од ковид-19 во САД
Говорејќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп истакна дека тие напредуваат брзо во развојот на вакцината против Ковид-19.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД денеска надмина 200 000, пренесува NBC News.
Ова ја надмина проценката објавена на 30 март од Др. Дебора Биркс, координатор на работната група во Белата куќа – под услов сè што прават властите во врска со пандемијата да е „скоро совршено“.
Таа проценка беше објавена во време кога помалку од 3.000 луѓе беа починати од ефектите на Ковид-19 во САД.
„Ако сториме сè, но, скоро совршено, можеме да зборуваме за бројката од 100 до 200 илјади смртни случаи“, рече во март Биркс за NBC.„Но, и ние не сакаме да го видиме тоа“, додаде таа.
Новинарката Савана Гатри потоа ја прекина со зборовите: „Знам, но вие само ме шокиравте. Бидејќи она што го слушам е дека зборувате за најдоброто сценарио“.
„Најдоброто сценарио би било ако 100% од Американците го сторат потребното“, рече Биркс.
Денеска, предвидувањата на докторката Биркс се исполни, според NBC News.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец.
Говорејќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп истакна дека тие напредуваат брзо во развојот на вакцината против Ковид-19.