Повеќе од четири милијарди лица во карантин во околу 100 земји во светот

Бројката претставува повеќе од половината на светското население. Обединетите нации проценуваат дека во светот живеат 7,79 милијарди луѓе .

Повеќе од четири милијарди лица во околу 100 земји и територии од светот се наоѓаат во принуден или предложен карантин во борбата против ширењето на коронавирусот.

Веста вечерва ја пренесе Франс прес, повикувајќи се на официјални податоци.

Бројката претставува повеќе од половината на светското население. Обединетите нации проценуваат дека во светот живеат 7,79 милијарди луѓе .

Кинеската провинција Хубеи и градот Вухан, од каде почна пандемијата, се првите подрачја во карантин воведен кон крајот на јануари. Овој регион почна постепено да ги олабавува мерките за забрана за движење, а за утре се најавува и укинувањето на карантинот во Вухан .

На 18 март во карантин беа повеќе од 500 милиони лица, на 23 март веќе имаше над милијарда, а следниот ден двојно повеќе, додека на 25 март бројката веќе изнесуваше три милијарди лица.

Денеска, на 7 април во карантин се наоѓаат 4,06 милијарди лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот