Повеќе од 60 потврдени случаи на коронавирус во данска кланица

Фото: Архива

Коронавирус е утврден кај 62 вработени во кланица на данската компанија за преработка на месо Даниш Краун (Danish Crown), јави ДПА.

Досега се тестирани речиси 600 од 900 вработени во компанијата во данскиот град Рингстед. Останатите 300 ќе бидат тестирани во понеделник доколку не се на одмор.

Даниш Краун минатата недела беше известена за првиот случај на коронавирус меѓу работниците во Рингстед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот