Повеќе од 50.000 ресторани во Њујорк привремено се затвораат поради коронавирусот

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Градоначалниците на двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес синоќа објавија дека наредиле затворање на градските ресторани, театри, барови и филмски куќи во обид да се забави ширењето на новиот коронавирус.

Рестораните, баровите или кафулињата кои продаваат храна ќе можат тоа да го прават преку достава или пак граѓаните ќе можат да ја земат храната пред објектот.

Но, не е прецизирано колку ќе трае таквата мерка.

Се очекува повеќе од 50.000 ресторани во Њујорк да затворат до вторник до девет часот, а според податоците на националното здружение, рестораните остваруваат повеќе од 51 милијарда годишен приход и имаат над 800.000 вработени.

Додека мерката за затворање на центрите за рекреација во Лос Анџелес стапува во сила на полноќ и ќе трае до 31 март, со можност за продолжување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот