Повеќе од 400 граѓани пријавиле оган на отворено во Општина Карпош

Повеќе од 400 пријави пристиганле до општина Карпош, преку телефонската линија која ја отвори Општинат, 078 – 257 – 640, со цел пријавување на непријатна миризба, односно оган на отворено.

Како што информираат од општината, по спроведените теренски контроли, како и по пријавите од страна на граѓаните, на територија на Карпош не се евидентирани огнови на отворено, туку најчесто непријатната миризба доаѓа од околните скопски села и од Општина Сарај.

„Како резултат на отворената телефонска линија, инспекциските служби на Општина Карпош дадоа придонес во локализирање и гасење на пожар на територија на Општина Сарај, во населено место Свиларе, на 05.09.2019 година, како и еден пожар локализиран на Скопска Црна Гора, на 07.09.2019 година“, велат од општина Карпош.

Инспекциските служби се во постојан контакт со Противпожарната служба, градскиот инспекторат и секторите за инспекторат на други општини, со цел веднаш да се детектираат критичните места од каде што се шири непријатна миризба, објаснуваат општинарите.

Од Карпош апелираат до сите граѓани, кои се јавуваат на телефонската линија да пријавуваат единствено непријатна миризба или оган на отворено, да не ја користат линијата за други теми и проблеми, со цел да се овозможи поголема ефикасност и експедитивност на службите. Телефонскиот број функционира до 23:30 часот, а потоа граѓаните можат да пријавуваат на 193“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот