Повеќе од 300.000 лица умреа од ковид-19 во Бразил

epa02528433 Some men carry a coffin at the morgue in the city of Teresopolis, Brazil, 13 January 2011. At least 432 people have died after the heavy rains that affect the Brazilian state of Rio de Janeiro. EPA/Roberto Ferreira

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Бразил регистрираше над 300.000 смртни случаи од ковид-19, што земјата ја сместува веднаш зад САД, која има 545.000 смртни случаи во истиот период, соопшти вчера бразилското Министерство за здравство, пренесе ДПА.

Според Министерството досега во Брзаил умреле точно 300.685 лица, во кои се вклучени и над 2.000 смртни случаи од претходните 24 часа.

Претходниот ден Бразил за првпат забележа 3.000 смртни случаи во еден ден.

Во најголемата земја во Латинска Америка досега се регистрирани повеќе од 12,2 милиони случаи на инфекции со коронавирус, пренесе ДПА.

Во повеќе бразилски држави единиците за интензивна нега во болниците работат со максимален капацитет.

Популистичкиот десничарски претседател на земјата, Жаир Болсонаро, уште од самиот почеток ја намалуваше опасноста од коронавирусот, иако и самиот заболе, отфрлајќи го „локдаунот” во целата земја од економски причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот