Повеќе од 30 светски лидери потпишаа апел за борба со климатските промени

Повеќе од 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги покрена австрискиот претседател Александер Ван дер Белен во пресрет на конференцијата за глобалното затоплување на ООН, што ќе се одржи следната недела.

Според Иницијативата за поголема климатска амбиција, „климатските промени се прогласуваат за клучен предизвик на нашето време”.

Во неа се додава дека „сегашната генерација е прва која сведочи за брзото покачување на температурите ширум светот и веројатно последната која има шанса ефикасно да се бори против заканата од глобална климатска криза”.

Во Иницијативата се повикуваат државите да дејствуваат „заедно, одлучно и брзо”.

Од канцеларијата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер се наведува дека тој е меѓу потписниците, како и францускиот претседател Емануел Макрон, израелскиот претседател Рувен Ривлин и холандскиот премиер Марк Рут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот