Повеќе од 110.000 Јапонци ги санираат штетите од силниот тајфун Хагибис

Фото: Профимедиа

Повеќе од 110.000 луѓе учествуваат во операциите за спасување и пребарување на теренот, откако тајфунот Хагибис ја погоди Јапонија во саботата, објави Би-Би-Си.

Оваа временска непогода е најлошата бурга која ја погоди земјата во последните години, и зад себе остави најмалку 37 жртви, додека 20 луѓе се уште се исчезнати. Во моментов, тајфунот е ослабен и се движи во спротивна насока од копното на островската земја.

Илјадници полицајци, пожарникари, припадници на крабрежната стража и војска работат во обид да ги пронајдат исчезнатите лица и оние кои останале под рушевните во бројните лизгања на земјишта и поплави.

Хагибис погоди осум перфектури (региони) ширум Јапонија, носејќи ветришта со брзина до 225 километри на час.

Околу 92.000 дома остануваат без електрична енергија, додека првично во саботата дури 262.000 домаќинства се соочија со истиот проблем. Во исто време, 120.000 луѓе немаа пристап до чиста вода за пиење.

Повеќе од седум милиони луѓе добија насоки да ги напуштат своите домови за време на најсилниот дел на бурата, но се верува дека само 50.000 луѓе престојувале во засолништата.

Главниот град Токио речиси да не го почувствува Хагибис, но другите градови ширум земјата беа преплавени со вода. Повеќе од 1 метар врнежи за 48 часа паднаа во градот Хаконе, највисока бројка во историјата на Јапонија.

Бурата дојде само еден месец откако тајфунот Факсаи направи хаос во делови од островот, оштетувајќи 30.000 домови, од кои повеќето се уште не се поправени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот