Повеќе од 1.700 здравствени работници во Кина се заразени со коронавирус

Фото: EPA-EFE/XIONG QI / XINHUA

Зенг изрази „сериозна загриженост” нагласувајќи дека Комисијата веќе издала препораки за мерки за превенција и контрола во медицинските установи.

Повеќе од 1.700 здравствени работници во Кина се заразени со новиот коронавирус.

Заменик-директорот на Националната здравствена комисија на Кина, Зенг Јичин истакна дека приближно 1.400 лица се заразени од вирусот што се шири низ Азија и достигна САД и Европа.

Зенг изрази „сериозна загриженост” нагласувајќи дека Комисијата веќе издала препораки за мерки за превенција и контрола во медицинските установи.

Тој додаде дека според извештаите за епидемиолошката состојба во изминатите неколку дена, медицинските работници се 3,8 проценти од вкупно потврдените случаи на инфицирани со новиот корона вирус.

Комисијата соопшти дека новото, значително зголемување на регистрираните пациенти е резултат на примената на новата методологија, што почна да се применува во најранливата провинција Хубеи.

До вчера, бројот на потврдени случаи ширум Кина се искачи на 63.851, што е за 5.090 лица повеќе од претходниот ден, а бројот на починати се зголеми за 121 и сега изнесува 1380 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот