Одделот за здравство и социјална грижа (ДХЦЦ) во Британија соопшти дека на 1.311 лица кои направиле тест меѓу 19 и 23 ноември низ цела Велика Британија, им било погрешно кажано дека биле позитивни. Било утврдено дека има проблем со серија тестирања на хемикалии што значи дека нивните резултати се неважечки.
– Се презема брза акција за известување на погодените и од нив се бара да направат уште еден тест и да продолжат да се самоизолираат доколку имаат симптоми. Оваа лабораториска грешка беше изолиран инцидент и се испитува целосно за да се осигураме дека тоа нема да се повтори – рече портпаролот на ДХЦЦ.
ДХЦЦ не коментираше дали грешката влијаела на бројките на регионалната стапка на коронавирусната инфекција.