Повеќе граѓански организации ја осудија вчерашната изјава на Заев: Дури и извинувањето на премиерот поттикнува хомофобија

Граѓанските организации реагираат на вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, во која тој рече дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден „педер“ да ја срушат Владата.

„Ние долупотпишаните граѓански организации, остро ја осудуваме скандалозната, недолична, хомофобна изјава на премиерот Зоран Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта. Овој вид на јавен говор од носител на највисоката јавна функција, недвосмислено дава легитимитет и го охрабрува говорот и делата од омраза кон сите оние кои се со различна сексуална ориентација и ја загрозува слободата на изразување“, стои во заедничкото соопштение на неколку граѓански организации кои остро ја осудија изјавата на премиерот.

Според нив, дури и извинувањето на Заев поттикнува хомофобија и линч насочен кон ЛГБТ заедницата.

„Воедно, сметаме дека е крајно неприфатливо со вакви непромислени изјави да се етикетираат новинари кои критички известуваат за работењето на актуелната власт, и на тој начин да се создаваат услови за ограничување на слободата на информирање и изразување. Инсистираме Владата и Премиерот да покажат зрелост и умешност за справување со критиките, но и сериозно да се заложат за поддршка на критичката мисла и независното новинарство. Ова е особено важно во контекст на транспарентноста и отчетноста кои Владата ги претставува како едни од основните начела на своето работење“, се додава во нивното соопштение.

Подолунаведените граѓански организации заеднички ја испратија реакцијата на изјавата на Заев до јавноста:

  1. Фондација Отворено општество – Македонија
  2. Здружение Хелсиншки комитет за човекови права
  3. Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје
  4. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
  5. Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија
  6. Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје
  7. Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
  8. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје
  9. Здружение за развој и унапредување на Ромската заедница-РОМАНО ЧАЧИПЕ (РЧП) 10. Центар за современи уметности – Скопје
  10. Рурална Коалициjа
  11. НВО Инфоцентар
  12. Здружение Национален Ромски Центар
  13. Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
  14. Коалиција “Сите за правично судење”
  15. Здружение за унапредување на родовата еднаквост – Акција Здруженска Скопје
  16. Институт за човекови права
  17. НВО КХАМ – Делчево
  18. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените –ЕСЕ
  19. Здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ – Скопје
  20. Контрапункт – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички и критички практики, Искра Гешоска, Претседателка
  21. МЕТАМОРФОЗИС – Фондација за интернет и општество
  22. Македонско здружение на млади правници
  23. ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје
  24. Здружение за сексуални и родови малцинства СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје
  25. Институт за демократија ИДСЦС
  26. Реактор – Истражување во акција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот