Поведена постапка скопјанец кој поседувал марихуана во својот дом

обвинителство ојо

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

– Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во село Сарај, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 40.19 грама и семки од канабис во вкупна нето маса од 2.63 грама. При претресот во домот на осомничениот, на 4 ти декември, дрогата била пронајдена и одземена, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот