Поведена постапка против кумановка, дилерка на дрога

Илустрација, дилери на дрога / Фото: МИА

Кумановското обвинителство поведе постапка против 37-годишна жителка на Куманово, поради постоење на основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Неовлстено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес во домот на осомничената на 4 мај 2021 година, овластените службени лица пронашле 11,53 грама наркотична дрога – хероин и едно пакување наркотична дрога – кокаин од 0,85 грама. Осомничената неовластено заради продажба ја набавила наркотичната дрога. Хероинот го препакувала до одделни шест мали најлонски пакувања и ги криела во спалната соба.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесе предлог за определување на мерка куќен притвор за осомничената поради постоење на опасност од бегство и повторување на кривичното дело. Предлогот на обвинителството беше прифатен и Судот на осомничената и определи куќен притвор во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот