Поведена истрага за гостиварец кај кого била пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува ЈОРСМ, осомничениот неовластено заради продажба држел 51,8 грама наркотична дрога марихуана. Помал дел од дрогата ја држел кај себе, спакувана во најлонско пакување во кутија за цигари.

– На 7 февруари, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар се обиделе да го легитимираат, тој се дал во бегство и дрогата ја фрлил на земја. Следниот ден, при извршен претрес во домот на осомничениот, остатокот од дрогата бил пронајден во помошна просторија за чување огревни дрва, во неколку пакувања скриени во метално буре, се наведува во соопштението.

Поради опасност од бегство, како и можност да ја попречува постапката со влијание врз сведоците или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гостивар доставил Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот