ПОТВРДЕНО: Партијата на Албин Курти и ДСК со заедничко владеење

Газета Експрес

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти денеска се сретна со кандидатката на Демократксиот сојуз на Косово, Вјоса Османи за премиер, како и со лидерот на партијата Иса Мустафа.

Средбата била со цел да се разговара околу формирањето на владата меѓу двете партии победнички во изборите, јавува Лајми.нет.

Османи и Курти информирале дека постигнале договор за заедничко владеење.

И Курти истакна дека договорот бил постигнат, но дека досега не било разговарано за посебни имиња и функции.

– Косово загуби многу време и очекувањето на граѓаните е многу големо. Почнавме преговори за една што поефикасна влада и што поилна држава – изјавил Курти.

Тој исто така информираше дека во наредните денови ќе има други средби со ДСК за да се разговара околу владината програма.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот