Потврдено обвинението против Бандиќ во случајот „Аграм“

Фото: Профимедиа

Обвинителскиот совет на загребскиот Жупаниски суд денеска го потврди обвинението против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, како и против Петар Припуза, вториот обвинет во аферата „Аграм”, во делот што се однесува на управување со отпадот во градот.

Анто Нобило, адвокатот на Припуза, изјави дека од образложението на одлуката на Обвинителскиот совет јасно е дека темел за таа своја одлука тие нашле во еден дел од наодите на вештаците.

„Вечерњи лист” пренесува дека Нобило и натаму смета дека во овој случај нема кривично дело и затоа е уверен дека тоа ќе биде утврдено во текот на судската постапка.

– Верувајте ми, ова на крајот ќе биде ослободително, рече Нобило.

Бандиќ во овој случај се товари за злоупотреба на службена положба и тргување со влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот