Потврдено: Легендарниот Оливер Кан се враќа во Баерн!

twitter.com/aymanjama8

Уште пред пет месеци Карл-Хајнџ Румениге најави дека по две децении во челните позиции во баварскиот тим ќе замине во пензија.

Оливер Кан во периодот од 1994 до 2008 година настапуваше за Баерн Минхен и ги освои сите можни трофеи, а според германските медиуми, на голема врата се враќа на „Алијанц Арена“.

Со оглед на тоа што на 31 декември 2021 година истекува претседателскиот мандан на Румениге, во германскиот шампион одлучи Кан да биде наследникот од првиот ден на 2022 година, што ќе биде голема чест, но и одговорност за голманската легенда.

– Голема чест е да се биде член на одборот, а потоа се преземе должноста претседател на Баерн – се зборовите на Кан (50), кој воедно е и поранешен капитен на германската репрезентација за која одигра 86 натпревари.

На клупски осумпати беше бундеслигашки шампион, со трофеи во националниот Куп, а по една титула во Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот