Потврдено: Двајца починаа од западнонилска треска во соседството

Фото: Архива

Институтот за јавно здравје Батут во Белград објави дека се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска кои завршиле со смртен исход, пишува Данас.

Починатите се од Јужнобачкиот и Сремскиот округ, а заболени има на територијата ан Панчево и Белград.

Случаи на западнонилска треска се пријавени и во Италија.

Западнонилската треска е сезонска болест која најмногу се појавува во времето на најголема активност на комарците, од мај до септември, кои се најчести преносители на вирусот.

Повеќето заразени немаат никакви симптоми на болеста, помал дел имаат симптоми слични на грип – покачена температура, главоболка, болки во мускулите, замор и слично. Кај помалку од 1% од заразените доаѓа до појава на менингитис или енцефалитис при што е потребна хоспитализација. Смртноста е поголема кај повозрасни лица над 75 години.

 

Видео на денот