Потврдени уште две трки во Формула 1

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Патеката Муџело во Тоскана ќе биде во септември домаќин на трка во Формула 1 шампионатот. Големата награда на Тоскана (Италија) е закажана за 13 септември, една недела после трката во Монца.

Патеката Муџело каде што домаќин е Ферари, таа трка ќе биде 1000 јубилејна за италијанскиот тим. Таа патека, која се наоѓа на 32 километри од Фиренца, никогаш досега не беше домаќин на Ф1 трка, но на неа се возеа трки од Мото ГП шампионатот.

Исто така денеска Формула 1 потврди дека на 27 септември ќе се вози и трка за Големата награда на Русија во Сочи.

Тие се деветта и 10 трка кои се потврдени оваа сезона чиј календар се променува поради пандемијата на коронавирус.

Во Ф1 се надеваат дека до крајот на сезоната ќе се возат помеѓу 15 и 18 трки. Изминатиот викенд започнаа возбудувањата со првата трка во Австрија на која славеше Ботас на Мерцедес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот