Потврдени први два случаи на коронавирус во Иран

Потврдени се првите случаи на коронавирус во Иран откако две лица се заразени, пренесе иранската агенција Исна, повикувајќи се на наводи на иранските власти.

Агенцијата, меѓутоа, не ја наведува националната припадност на заразените, пренесуваат американските медиуми.

Претставникот на Министерството за здравство, Кијануша Џаханпура, потврди дека изминатите два дена биле откриени неколку сомнителни случаи на новиот коронавирус.

Бројот на заразени од коронавирус во Кина денеска се зголеми на 74.185, а на починати на 2.004.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот