Потврдени 48 нови случаи на Ковид-19, вкупно во земјата 711 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
    Скопје – 284
    Куманово – 168
    Дебар – 49
    Штип-21
    Прилеп –50
    Тетово – 31
    Струга – 33
    Велес – 18
    Битола –8
    Охрид –4
    Кавадарци – 3
    Гостивар –6
    Гевглелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-3
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 19
    Пробиштип – 1

Прочитајте и...  Финансиска поддршка за април и мај ќе добијат филмските работници и тие што останале без работа

Од 496 тестирање,  преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067  тестирања на Ковид-19.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден.

Информација во врска со редовната прес конференција

Прочитајте и...  Институтот за медиуми доделува грантови за продукција на медиумска содржина

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот.  Веднаш потоа Министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција да ги соопшти деталите, како и да информира за состојбата и актуелните прашања со коронавирусот во земјата

Во моментов се одржува вонредна консултација помеѓу стручниот тим на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за да се утврдат следните чекори во однос на заштита и изолација во зависност од исходот на резултатот.

Прочитај повеќе

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат

Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

Слободен печат

Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Слободен печат

Италијанската полиција уапси 10 припадници на мафијата „Ндрангета“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Расте бројот на деца кои живеат во сиромаштија – ќе се зголеми на 672 милиони

Слободен печат

Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Слободен печат

Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Слободен печат

Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

МИА Агенција

Финансиска поддршка за април и мај ќе добијат филмските работници и тие што останале без работа

Слободен печат