Потврдена ослободителната пресуда за обвинетиот Игор Дурловски, Чавков и другите со намалени казни

EPA/MAJA ZLATECSKA

Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на 16-темина обвинети за нападот во Собранието на 27 април 2017 и на најголемиот дел првостепените пресуди се  намалени за две години, на дел од обинетите казната им е намалена за една година, а потврдена е ослободителната пресуда за обвинетиот Игор Дурловски.

На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, казната му е преиначена од 18 на 16 години затвор, а Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Јане Ченто, Вилијам Михајловски и Мунир Пепиќ наместо 15, добија казна затвор во траење од по 13 години. За две години помалку – од 13 на 11 години, е преиначена казната затвор на Оливер Поповски.

Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години, Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ на казна затвор во траење од по 11 години, Оливер Радулов на 9 години, Александар Василевски – Нинџа на 7 години и обвинетиот Абдуљифета Алими на 6 години.

Обвинетите се прогласени за виновни за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од Кривичниот законик, а Апелација одлучуваше по поднесените жалби.

Првостепената пресуда беше донесена од Основниот кривичен суд на 15 март 2019 година, а во таму во тек е судењето за организација на нападот во Собранието, каде што обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот