Потврдена кандидатурата на новиот шеф на американското разузнавање

epa08403407 Sen. Ben Sasse (R-Neb.) questions the nominee John L. Ratcliff during the Senate Select Committee on Intelligence nomination hearing for Director of National Intelligence at the Dirksen Senate Office building on Capitol Hill in Washington, DC, USA, 05 May 2020. The panel is considering Ratcliffe's nomination for director of national intelligence (DNI). EPA-EFE/Gabriella Demczuk

Ратклиф вети дека ќе му ја презентира на претседателот и креаторите на политика, „фактографската вистина”, независно што сакаат да слушнат.

Kонгресменот од Тексас, Џон Ратклиф, денеска беше потврден од Сенатот за прв човек на националното разузнавање на САД.

Но гласањето беше поделено по партиска линија, 49 сенатори гласаа „за” а 44 „против”. Мнозинството во Сенатот го држат републиканците.

Ратклиф треба да положи заклетва во вторник и да ја преземе функцијата од поранешниот директор Ден Коатс, кој се повлече во август.

За време на распитот за потврдување на функцијата во април, Ратклиф вети дека ќе му ја презентира на претседателот и креаторите на политика, „фактографската вистина”, независно што сакаат да слушнат.

Сенатските демократи го критикува Ратклиф и изразија резервираност дали конгресменот од Тексас ќе може да ја остави настрана својата партиска реторика. Една од главните грижи на демократите е како Ратклиф ќе се справи со заканите на ноемвриските претседателски избори.

Клучни официјални лица во сферата на разузнавањето, вклучувајќи го и поранешниот директор за Национално разузнавање Ден Коатс, предупредија неколкупати дека Русија планира да се меша во изборите, како што тоа го стори во 2016 година, јави Гласот на Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот