ПОТВРДЕНА ИЗМАМА: Фотографијата со која Бровина мавташе во косовското собрание, е лажна

Специјалното обвинителсто на Косово ја информираше јавноста дека по презентирањето на фотографијата од страна на пратеничката Флора Бровина, е отворена истрага заснована врз нејзиното тврдење дека таа фотографија сведочи за силување на жена од страна на србски војници за време на војната на Косово.

Како што пренесува Газета експрес, Специјалното обвинителство, преку соопштение за медиуми информира дека фотографијата за која станува збор е однесена на вештачење во Косовската агенција за форензика, која констатирала дека фотографијата презентирана од страна на пратеничката, Флора Бровина е принтирана на А4 колор формат и нема ниту еден податок, што би овозможило истрага на потекло на сликата и нема ниту еден отпечаток од каде било принтано.

Како што пренесува весникот, таа фотографија била споредена со друга фотографија обезбедена од интернет и било констатирано дека на двете фотографии се претставува истиот случај.

„Врз основа на податоците од вештачењето и другите докази изнесени за време на истрагата, Специјалното обвинителсто на Република Косово заклучи дека настанот од фотографијата презентирана од пратеничката Бровина, е извадена од интернет и нема врска со некој случај на сексуално насилство за време на војната на Косово”, велат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот