Потврден спектаклот во Лондон: „Кобрата“ Пулев ќе го предизвика Џошуа!

фото: твитер

Бугаринот во кариерата загуби само на еден меч, пред шест години од Украинецот Владимир Кличко, со нокдаун во петтата рунда.

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев ќе се бори против Ентони Џошуа на 20. јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон.

– Среќен сум што ќе ја имам можноста да му покажам на светот колку навистина сум силен – рече Пулев по потпишувањето на договорот.

Тоа ќе биде прва борба на Џошуа во Велика Британија после победата над Александар Поветкин на „Вембли“ во септември 2018 година.

Џошуа ги врати ВБА, ИБФ и ВБО титулите со триумфот на поени против Енди Руиз во декември минатата година.

Бугаринот во кариерата загуби само на еден меч, пред шест години од Украинецот Владимир Кличко, со нокдаун во петтата рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот