Потврден прв случај на коронавирус во Хрватска, заразено младо момче

Заразеното момче престојувало во Милано помеѓу 19 и 21 февруари.

Хрватските власти предмалку го потврдија првиот случај на заразенo лице со коронавирус. Станува збор за младо момче кое е сместено на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Веста ја соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредна прес-конференција. Тој рече дека момчето се чувствува добро, а вирусот е во поблага форма.

Заразеното момче престојувало во Милано помеѓу 19 и 21 февруари.

Хрватските здравствени власти најавија дека сега ќе се фокусираат на лицата со кои момчето било во контакт по враќањето од Италија.

Според хрватските власти изминатиов период голем број нивни граѓани престојуваа во северна Италија, така што се претпоставува дека е само прашање на време кога ќе се констатира првиот заболен. Токму затоа денеска во Загреб се одржа и итен состанок на здравствените власти за тоа какви дополнителни мерки треба да се преземат да се спречи евентуалното ширење на вирусот.

На општините ширум Хрватска им е сугерирано да обезбедат простор што би се користел како карантин зона, а на граничните премини во Истра веќе се распоредуваат епидемиолози и санитарни инспектори кои ќе треба да прават контрола на лицата кои влегуваат во земјата.

Инаку, учениците кои поради екскурзија во Италија беа ставени во куќен карантин им е дозволено да излезат од истиот, бидејќи анализите покажале дека меѓу нив нема заразени со коронавирусот.

Во моментов во Риека девет лица се хоспитализирани под соменние дека се заразени со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот