Потврден е влезот на Порше и Ауди во Формула 1

Формула 1 шампионатот наскоро ќе биде побогат за два големи автомобилски марки бренда, Порше и Ауди кои се очекува во 2026 година да се приклучат на најбрзиот спорт на четири тркала.
Извршниот директор на Фолксваген кој е сопственик на Порше и Ауди, Херберт Дис, изјави дека челниците на двете компании го увериле бордот на директори дека влезот во Формула 1 ќе донесе повеќе пари отколку што ќе се ивестира.
– Едноставно останавме без аргументи – рече Дис.
Тој додаде дека подготовките на Порше за влез во Формула 1 биле поконкретни од оние на Ауди. Ауди е подготвен да понуди околу 500 милиони евра на Мекларен, а Порше сака да соработува со Ред Бул.
View this post on Instagram
Видео на денот