ПОТРОШИ 70 МИЛИОНИ ЕВРА: Бред Пит ѝ исполни стара желба на Џенифер Анистон

Фото EPA/NINA PROMMER

Гласините дека Џенифер Анистон и Бред Пит се смируваат траат уште од нејзината прослава на 50-тиот роденден, но и поради еден специфичен подарок кој таа го доби од него.

Наводно, актерот потрошил 70 милиони евра за да ѝ купи луксузна куќа на Беверли Хилс и тоа не којзнае која, туку истата во која живееле додека биле во брак, пишува британски „Мирор“.

Бракоразводната парница доведе до губење на оваа куќа, поради што и двајцата биле тажни, бидејќи поминале многу време таму. Џенифер се надевала дека Бред ќе ја купи по разводот, но имотот се продал. Сепак, години и години подоцна, тој повторно успеал да ја купи.

Затоа и решил да ѝ ја подари оваа куќа токму за 50-тиот роденден. Јавноста е со поделени мислења – некои се радуваат што постои шанса овој пар да се смири, додека други сметаат дека Џенифер заслужува многу повеќе од Бред. Многу јавни личности сметаат дека токму Џен е жената која му треба на Бред.

Фото Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот