Потрошени 42 милијарди долари годишно во Авганистан, а Русија троши 50 долари за целата армија.

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди годишните трошоци на Соединетите Американски Држави вложени во 20 годишната воена операцијата во Авганистан со воениот буџет на Русија.

“Потрошивме 42 милијарди долари годишно. Замислете, 42 милијарди. Колку што разбрав, Русија троши 50 милијарди годишно за целата армија, а ние 42 милијарди”, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

Тој нагласи дека тоа се случувало од година во година и за возврат не донесло никаква добивка за САД.
Трамп додаде дека американските борбени хеликоптери што беа предадени на авганистанската армија сега ќе ги проучува Русија.

“Милијарди и милијарди долари. Најновите хеликоптери Блек Хок, кои сега ќе ги изучуваат Русија, Кина и некој друг, бидејќи тоа е најдобрата технологија во светот”, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател посочил дека е огорчен што САД не ја уништиле воената опрема пред да го напуштат Авганистан, и поради тоа таа софистицирана опрема сега во рацете на талибанското движење.

Поранешниот американски претседател смета дека повлекувањето на војниците од Авганистан, под раководство на актуелниот претседател Бајден, е најголемото понижување за САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот