ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Од автомобилот се слушаше гласна музика и кашлање

фото: приједорданас

Кошаркарот на Црвена звезда и српски репрезентативец, Огњен Кузмиќ,  е тешко повреден во сообраќајната несреќа која се случи сабајлево на магистралниот пат Приједор – Бања Лука. Несреќата се случи кога возилото „Порше“ во кое беа Кузмиќ и пријателот Богдан Илиќ, се удри во возило „БМВ“ во кое беше уште еден спортист, боксерот Дражен Јањанин со пријателот Марко Мијатовиќ.

фото: приједорданас

По сударот и двете возила се превртеа со тоа што „Поршето“ во кое беа Кузмиќ и Илиќ беше целосно уништено и излета од патот.

Боксерот Јањанин, за „Српскаинфо“  објасни како дојде до сударот во кој најтешко помина Кузмиќ.

фото:приједорданас

– Се враќав од бокс меч од Минхен и Мијатовиќ со мојот автомобил дојде да ме земе во Бања Лука. Се наоѓавме во Рамиќ околу пет часот кога по кривината пред нашите очи се појави светло. Автомобил со голема брзина одеше од обратна насока и одеднаш влезе во нашата лента на движење. Мијатовиќ брзо реагираше и го сврте автомобилот на страна, ние удривме во заштитната ограда. Меѓутоа автомобил „Порше“ удри во нашиот заден крај на автомобилот, ја откина вратата и тркалото на нашето возило – вели Јањанин кој додаде дека возилото од силината на ударот се преврте, додека вториот автомобил застанал дури 200 метри подалеку.

фото: приједорданас

– Го скршив прозорот и го извлеков пријателот надвор од автомобилот. Веднаш потрчавме кај вториот автомобил кој беше излетан од патот и од него се слушаше гласна музика и како некој кашла. Набрзо дојдоа пожарникарите и ги извлекоа од возилото. Ние добро поминавме но слушнав дека Кузмиќ и неговиот пријател се во тешка состојба и се молиме за нивното здравје – изјави Јањанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот