ПОТРЕСНО: Дете плаче додека противничките навивачи му го кинат дресот! (ВИДЕО)

Фото: sportsport.ba

На јужноамериканскиот континент често гледаме брутални испади на навивачите, а сега најнов пример доаѓа од натпреварот во бразилската Серија А лига меѓу градските ривали Интернасионал и Гремио.

Еве за што станува збор. Мајката почнала да се радува на бодот освоен на гости (Интернасионал-Гремио 1:1), на што веднаш и бурно реагирале домашните навивачи.

Одлучија веднаш да ги нападнат, да ги туркаат, употребат сила да го одземат и скинат дресот на детето кое веќе плачеше и заедно со неговата мајка се бореа едноставно не само со цел спречат да им го одземат дресот, туку и да се избегнат уште поголем инцидент.

Домашните „навивачи“ не успеаја во својата намера, но продолжија и натаму да ја туркаат мајката…

Еден од луѓето одговорни за безбедноста на стадионот ја смири ситуацијата, го зеде дресот,  а како што пренесува „Глобо еспорте“ подоцна тој човек им го вратил дресот на мајката и нејзиниот син.

Навистина потресни сцени и доказ дека во Бразил и воопшто во Јужна Америка фудбалот е повеќе од игра…

Веднаш и на социјалните мрежи реагираа и дел од фудбалерите на Гремио и прашаа како да се дојде до контакт со семејството, во намерата да ја покажат солидарноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот