ПОТРЕСНИ СНИМКИ ОД ГРЦИЈА: Мајка со бебе во рацете бара спас од олујата (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Телеграф.рс

Олујата која вчера ја зафати Грција била толку разорна, што речиси уништила некои угостителски објекти. Луѓе и мајки со деца во рацете, во паника, барале засолниште, пренесува Телеграф.рс.

Министерството за надворешни работи информира дека согласно комуникацијата остварена со надлежните служби нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Она што е познато е дека најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца, загинале, а повеќе од 100 се повредени во силното невреме кое синоќа го погоди Халкидики.

Според првичните информации на полицијата, загинале двајца постари туристи од Чешка, жена и 8-годишно дете од Романија, маж и дете од Русија. Во невремето настрадале и хотелите долж брегот.

 

Хрисохоидис: Загинати се шестмина туристи од Русија, Чешка и Романија, меѓу кои и две деца, а исчезнат е рибар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот