Потресна приказна на Илон Маск: На 10 недели му починало бебето

Instagram
Илон Маск / Фото: Instagram

Бизнисменот Илон Маск привлече големо внимание во јавноста во последниве години, благодарение на неговите амбициозни планови и иновативни компании, пренесува Танјуг.

Тој во 1983 година, го продаде кодот за својата прва видео игра за 500 долари. Имаше само 12 години, додека во 1999 година ја продаде и својата компанија Compaq, ZIP2, за 341 милиони долари.

Во истата година, тој ја основа компанијата x.com од која се појави PayPal. Подоцна тој ја продаде компанијата на eBay за 1,5 милијарди долари.

Во 2002 година, тој ја основаше SpaceX, компанија специјализирана за комерцијални летала, а во 2003 година, тој беше ко-основач на Tesla Motors, компанија што произведува електрични возила. За време на големата финансиска криза, Маск речиси остана без Тесла и Спејс Икс.

Амбиција на Маск е да изгради колонија на Марс, а тој исто така планира да изгради супер брз воз „Hyperloop“ кој би го поминал растојанието од Лос Анџелес до Сан Франциско за половина час.

Неговото прво дете почина од синдром на ненадејна смрт. Станува збор за дете од првиот брак со Џастин Маск, а бебето имало само 10 недели. Подоцна, двојката доби близнаци преку вештачко оплодување, а потоа и тројки. Елон и Џастин се разведоа во 2008 година по 8 години брак. Тој се ожени двапати и двапати се разведе од втората сопруга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот