Потресна животна приказна на омилениот комичар од „Седморица младих“

Лепа Брена/„Седморица младих/ Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм

Комичарот Јова Радовановиќ уживаше вртоглава популарност во поранешна Југославија како член на групата „Седморица младих“, а пред неколку дена овој легендарен комичар го прослави 82-от роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 011info (@011info)


Во текот на својата долгогодишна кариера остави голема трага на јавната сцена, а неговата животна приказна е потресна.

Ансамблот „Седморица младих“ беше југословенски поп, рок и комичен состав. Настапуваа ширум светот, а влегоа во Гинисовата книга на рекорди како состав која непрекинато свиреше заедно цели 33 години. Сите со нетрпение ги очекуваа нивните емисии во недела навечер, а познато е дека и на Јосип Броз Тито му беа омилени и дека често му свиреа и беа негови гости.


Јова преку малите екрани ги развеселуваше луѓето со своите имитации, пантомими и шеги. Иако израснал во сиромаштија во тогашна периферија на Белград, тој не се откажал од соништата и секогаш останал позитивен и насмеан.

Како што раскажал во една прилика, татко му многу работел, а мајка му била дома и се грижела за четирите деца.

– Месо јадевме еднаш неделно, а другите денови не, бидејќи немаше пари. Некогаш татко ми заработуваше повеќе, па носеше колбаси и тогаш славевме дома – рекол во една прилика Јова за медиумите.

Негова голема желба била да се запише во музичко училиште, па комшијата знаејќи за неговата љубов кон музиката, набавил кларинет на реверс и Јова се запишал во посакуваното училиште. Иако бил многу успешен во својата работа, која му донела многу убави настани, имал и помалку пријатни, но тоа успешно го криел, па гледачите никогаш немале можност да го видат тажното лице на Јова.

Често бил одвоен од семејството, а една од најтешките ситуации во неговиот живот се случила само неколку дена по раѓањето на неговиот син. Тогаш морал да замине, и тоа 7 месеци. Како што рекол, се вратил, но синот не го познавал. Јова се исплакал како никогаш досега.

– Нашиот син се роди, го извадив од породилиште, бев неколку дена тука и потоа морав да одам на пат. Седум месеци не го видов. Сопругата ми ги покажуваше фотографиите, тој веќе ги кажуваше првите зборови, а потоа дојдов, ја отворив вратата, а кога ме виде, се израдува, но бегаше од мене – раскажал Јова.

Уште еден доказ за популарноста на бендот „Седморица младих“ е тоа што имале настапи во Германија. Таму требало да бидат две години, а останале 15 години.

Колку бил добар комичар и актер, покажува и тоа што Миодраг Петровиќ Чкаља го фалел насекаде.

Малкумина се сеќаваат дека Радовановиќ соработувал и со Лепа Брена во филмот „Ајде да се сакаме“. Јова еднаш раскажал една анегдота поврзана со Лепа Брена.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Имено, во текот на снимањето на филмот, Брена во багажникот на својот автомобил пронашла машка јакна, па налутено влегла во хотелот и прашала „Која будала ја оставила оваа јакна?“, на што Јова рекол „Лично, јас воопшто не се срамам дека сум будала.“ Подоцна пејачката му се извинила, но и ја облекла јакната, со оглед на тоа дека во Златибор, каде се снимал филмот, било многу студено.


Јова Радовановиќ со бендот „Седморица младих“ влезе во Гинисовата книга на рекорди како ансамбл кој свиреше во ист состав цели 33 години. Во бурните деведесетти, бендот се распадна и Радовановиќ започна соло кариера како забавувач.

Тој за својата комична кариера и животно мото еднаш рекол:

„Сѐ додека не ги насмеам луѓето, ништо не сум направил.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот