ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА СИРИСКИ БЕГАЛЕЦ: 55 дена се возевме со камион до Англија, немаше ниту воздух ниту светла (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Шокантното откритие на 39 мртви тела во приколка од камион на југ во Англија го потсетило Ахмад Ал-Рашид, бегалец од Сирија, на неговиот пат. Полни 55 дена снимал видео записи и од нив „Би-Би-Си“ направиле документарец.

– Немам зборови да го опишам тоа што го чувствувам. Ми се вратија сеќавањата на целиот ужас кој го поминав во 55 дена патувања со камиони и бродови, преживеав дури и патувања со фрижидери со свинско и пилешко месо. Но, јас имав среќа, мојата приказна има среќен крај. Живеам во Англија и заработувам за семејството и моите мали ангелчиња – раскажува тој.

„Тие луѓе од друга страна ја немаа таа среќа, ги загубија своите животи. Сочувство до сите семејства на настраданите и ве молам, бидете луѓе“, напишал сирискиот бегалец Ахмад ал-Рашид, откако 39 тела беа пронајдени во приколка од камион на самиот југ во Англија.

Тој е еден од протагоностите на документарецот на „Би-Би-Си“ под наслов „Егзодус: Нашиот пат во Европа“. Помеѓу останатите, неговите снимки од внатрешноста на камионот откриваат во какви се ужасни услови мигрантите се обидуваат да стигнат до Западна Европа. Тој бегал од ужасот на војната во Алеп.

– Ова е трагедија. Размислувам за семејствата на луѓето кои починаа. И самиот се возев во неколку такви камиони во 2015 година. Еднаш бевме затворени во камион со фрижидери цели два часа. Возилото беше паркирано, не можевме да дишиме, беше преладно, се смрзнувавме. Луѓето почнаа да кашлаат. Почнавме да тропаме за шверцерите да не слушнат и да ни отворат бидејќи камионот беше затворен однадвор. Не можете да излезете. Зависи од тоа дали криумчарите ќе се слушнат. За среќа, нас не слушнаа и ни отворија – раскажува Ахмад.

Тој и отстапил на „Би-Би-Си“ снимки од патувањето кое траело 55 дена. Се обидувал да го забележи ужасот кој го минувал тој и останатите мигранти. По градот буквално барал шверцери кои ќе му помогнат да го премине Ламанш. За жал, тоа бил единствениот начин.

– Кога ќе погледнам наназад што се имам преживеано, помислувам: Тоа е невозможно да се преживее. Никогаш не смеев тоа да го направам. Но, морате да ги разберете околностите, тогаш тоа беше прашање на живот или смрт. И кога би ме ставиле пак во иста ситуација, бомбардирање и гранати во Сирија, повторно би го избрал истото – рекол Сириецот, кој една година по доаѓањето во Британија успеал да ги префрли сопругата и децата од Алеп.

– И натаму ме прогонува врескањето на луѓето кои беа во таа приколка, на бродовите, заробени заедно со мене. Никогаш нема да го заборавам тоа. Нема воздух, нема светло…Ништо освен миризба на смрт. Никој тоа не би го избрал ако не мора, верувајте ми. Тие луѓе се очајни. Јас самиот сакав да најдам мирно место за живот каде нема да морам да се плашам за животот на своите деца – додава Ахмад.

https://twitter.com/NVPeople/status/1187088906602323968

Камионот со бугарски таблички и неговата приколка имале сосема поинаква рута. Уапсениот 25-годишен Мо Робинсон од Северна Ирска, товарот го презел половина час пред да бидат откриени 39-те тела во внатрешноста, покажале снимките од надѕорните камери.

Полицијата засега не објави дали тој знаел каков товар пренесува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот