ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА ЕДЕН ЛЕКАР: Зошто секогаш ги гледам ФБ-профилите на починатите пациенти?

Лекарот Луис М. Професта од болницата Сент Винсеннт во Индијанаполис, објаснува зошто најпрво ги проверува профилите на Фејсбук на пациентите кои починале, а потоа им јавува на семејствата.

Својата исповед ја објавил на профилот на Линкдин, со наслов „Ќе го проверам вашиот Фејсбук пред да ѝ јавам на мајка ви дека сте умреле“.

„Тоа ја одржува мојата човечност. Јас ќе им го променам животот на вашите родители. Тие никогаш веќе нема да бидат исти. Нема да бидат среќни никогаш. Во овој момент вие сте само едно безимено тело во кое забивавме игли и цевки со надеж дека ќе ве спасиме. Нема емоции, нема ништо што ни кажува дека сте имале желби и соништа. Но, ви должам да научам нешто за вас пред да ја соопштам веста за вашата смрт.“

Секој изгубен пациент за својот лекар е пораз и тоа многу го лути Професта.

„Можеби праќавте порака наместо да внимавате на патот или бевте пијани. Можеби бевте под влијание на дрога. Можеби возевте велосипед без кацига или не внимававте на знаците. Или пак само се откажавте. Можеби и дошло вашето време.

Затоа ја земам вашата возачка дозвола, отворам Фејсбук и ве барам. Познавам многу луѓе, често имаме барем еден заеднички пријател. Го носите накитот кој сега е на пултот со докази. Некогаш и истата облека која моравме да ја исечеме со ножици, натопена со крв. Ви ја гледам насмевката додека сте на плажа или на забава

Гледам како стоите со родителите после дипломирањето. Тогаш ќе знам како изгледаат кога ќе влезат во мртовечницата. Тоа го исклучува прашањето ‘Чие семејство сте?’ и веќе е малку полесно. Тие го извикуваат вашето име, скршени се од болка. Ви го проверувам Фејсбукот за да знам дека претходно сте биле личност која некого сакала и била сакана. Тоа го смирува гласот во мојата глава кој ви е лут и вели: Како можеш да им го направиш ова на оние кои ги сакаш?“, завршува докторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот