ПОТРЕСНА ФОТОГРАФИЈА од земјотресот во Измир се шири на социјалните мрежи

Тимовите за пребарување и спасување ги пребаруваат урнатините во турскиот град Измир кој денеска беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 6,6 степени.

Најмалку 6 лица загинаа, а 202 се повредени по земјотресот во подрачјето на Измир, на егејскиот брег во Турција, јавува Агенцијата за катастрофи.

Се пребаруваат урнатините од зградите кои паднаа во Измир при земјотресот од 6.6 степени/ Измир, Турција/ 30 октомври 2020/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Силниот земјотрес што го погоди Измир се случи претпладнево во 11.51 часот по средноевропско време односно 14.51 часот по локално време и бил на длабочина од 16,54 километри.

Најмалку 67 афтершокови, од кои 13 биле со јачина од 4.0 степени по Рихтер се забележани потоа, соопшти Агенцијата.

Спасувачките служби работат на 12 уништени и оштетени објекти во градот во кој живеат 4,37 милиони жители – и е трет по големина град во Турција.

Над 50 возила и околу 200 спасувачи се упатија на местото на земјотресот како и 48 лица од Турската Црвена полумесечина како и 16 возила заедно со мобилна кујна која може да опслужи 25.000 лица.

Спасувачката агенција изјави дека итна помош од 5 милиони турски лири (околу 600.000 долари) се испратени во погодениот регион преку Министерството за семејство, труд и социјални служби.

Досега 70 лица се извлечени од урнатините, изјави гувернерот на Измир Јавуз Селим Косгер.

Тој додаде дека мало цунами ја погодил крајбрежната област Сеферихисар при што најмалку едно лице е повредено.

Националното министерство за одбрана основаше кризен штаб и два воени хеликоптери се упатија за да помогнат во потрагата по затрупани лица и нивно спасување.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделува фотографија од куче кое пронаоѓа лице под урнатините. Веројатно се работи по куче кое бара помош за својот сопственик заглавен под рушевините.

Оваа потресна фотографија ги подгрева надежите дека турскиот народ заедно со службите за помош и спасување ќе успеат да ги спасат луѓето кои ги погоди катастрофата.

Ваквите фотографии секако иницираат симпатии, солидарност и сочуство секаде во светот и наскоро во земјите ќе започнат да се собира и испраќа помош за настраданите во земјотресот во Измир.

Инаку станува збор за фотографија направена по катастрофалниот земјотрес во Албанија во 2019 година и истата беше искористена како симбол на солидарност со жртвите од овој земјотрес.

ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот