Потресна фотографија од белградската инфективна клиника: „Тато чека да го примат пред болница, горе им умира пациент, тројца чекаат превоз“

Потресна фотографија сведочи за состојбата со болничките капациетети во Србија/Фото: Twitter/@Broj__Jedan

„Тато чека на Инфективна клиника во тешка состојба. Немаат каде да го стават, зошто токму сега еден пациент им умира, а тројца чекаат превоз за Батајница…“.

Ова на Твитер покрај фотографија го објави еден корисник на оваа социјална мрежа што предизвика реакции кај корисниците и почна масовно да се шири оваа вест.

„Бидејќи веќе му помодреа рацете, го приклучија на кислород во седечка положба. На овие лекари и сестри треба да им се даде медал“, наведува овој твитерџија.

Ситуацијата со коронавирусот во Србија значително се влошува од ден на ден, а за тоа сведочат и вакви застрашувачки објави на луѓето кои се соочуваат со болеста, или пак нивните сакани.

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 13.753 новозаразени од ковид-19, а од последиците на заразата починаа 19 лица.

Во истиот период се тестирани 33.163 примероци.

Во болничките капацитети во Србија се хоспитализирани 2.340 пациенти, од кои на респиратор се 96.

Од почетокот на пандемијата на коронавирус во Србија, од инфекцијата починале 13.003 лица, а процентот на смртност за овој корона пресек на денот е 0,93.

Од почетокот на епидемијата во Србија се тестирани 7.548.292 примероци, од кои позитивни биле 1.399.867.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот