Потребна ни е финансиска едукација

Владимир Петрески, редник на сајтот Вистиномер.мк

Чекањето редови пред банките на студ, снег, дожд и ветар во време на пандемија претставува македонска национална срамота.

Ова е национална срамота преполна со дискриминација кон физичките лица за сметка на правните, кои постојано добиваат преференцијален третман на шалтерите заради поголемите износи со кои трансактираат, национална срамота за банките, кои и покрај големите профити манифестираат невидена стиснатост, но пред се ова е национална срамота која паѓа пред вратата на централната банка (НБРМ), а која, пак, е комплетно незаинтересирана да го реши прашањето на мизерно малиот број POS-ови (point of sale – шалтери, итн.), така што ќе го врзе со нивото на приходите и бројот на деловници на банките.

Ова е национална срамота за целиот финансиски сектор, но уште повеќе за НБРМ како негов регулатор, која искажува комплетна незаинтересираност за подобрување на едукацијата на населението во областа на личните финансии и електронското банкарство, вонредно важни дисциплини за развојот на националната економија и финансиската добробит на граѓаните. Дисциплина за која во светот се трошат огромни пари зашто не треба човек да е генијалец за да ги сфати придобивките од таквата едукација.

За жал, ова е при дното на интересот на овие институции. НБРМ особено е комплетно незаинтересирана да реши едно друго долгорочно прашање, кое е во сржта на проблемот со нерамномерниот развој на земјата и појавите какви што се иселувањето во странство, сиромаштијата, невработеноста и други, какво што е рамномерното географско кредитирање во зависност од нивото на штедните влогови. Во земјава има купишта градови и региони од кои банките земаат значајни суми на име на штедни влогови, но истовремено одобруваат многу малку кредити или не одобруваат воопшто.

Кога вакво исклучително и долгорочно горливо прашање НБРМ не е заинтересирана да го реши, што остана за финансиската едукација на граѓаните.

Преземено од „Окно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот