„ПОТРЕБЕН НИ Е ДИКТАТОР“ Контроверзно интервју на познатиот милијардер: Би умрел за Путин, тој треба да ја води Европа

Фото: Profimedia

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, изјави дека би застанал пред вооружен напаѓач кој се обидува да го убие рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тој е „добро момче“

– Ако некој има митралез и е спремен да пука на Путин, би застанал пред него… Зошто? Бидејќи тој е добро момче. Тој никогаш не би направил нешто што не е добро за луѓето – оценува 88-годиниот милијардер во интервју за весникот „Тајмс“.

Еклстон исто така смета дека Путин би требало да ја води Европа и дека инвазијата на Крим се случила само за „Русија повторно да се обедини“.

– Би сакал тој да ја води Европа. Ние немаме никого, па не може да биде полошо. Путин го прави тоа што вели дека ќе го направи. Јас не сум за демократија. Потребен ни е диктатор. Како диктатор вие велите: „Ова е тоа што јас ќе го направам“. Во демократија тоа се разводнува – изјавил британскиот магнат.

Еклстон е познат обожавател на Путин и тие заедно можат понекогаш да се видат на некои спортски настани. Кога пред пет години беа на рускиот Гранд При, Еклстон го опиша рускиот претседал како „личност од прва класа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот