Потребен е одржлив туризам за иднината на Македонија

Македонија и Албанија заеднички преку искуствениот туризам се развиваат во регионот.

Одржливиот туризам е иднината на земјава. Ако сакаме да имаме вода за пиење, чист воздух, намалување на отпадот треба да знаеме дека единствената опција ни е принципите на одржливоста да бидат стандарден неодминлив дел во секоја туристичка понуда, вели Јасмина Поповска, проект менаџер, која заедно со охриѓанката Катерина Велевска сакаат на локалните или интернационалните туристи во Македонија и соседна Албанија да им овозможат незаборавни искуства.

– Нашите искуства се рурални и урбани. Нудиме искуства со пешачење, со велосипеди, со кајаци вели таа и додава дека крајно време е да се престане со уништувањето на природата односно мора за се да има граница, за да има за сите.

На нивната платформа „Genuine Experiences“ имаат над педесетина локални занаетчии, домаќинки, спортисти, водичи, професионалци од различни области, од Охрид, Струга, Битола, Демир Хисар, Дебар, Ресен, Скопје, Пешкопеја, Мат, Булкизе, Дибра, кои им ја дадоа довербата, ентузијазмот и им дозволија да ги трансформираат нивните вештини, знаења, преточени во автентични искуства наменети за туристи.

Тие велат дека во овој регион има прекрасни автентични личности кои имаат многу да споделат и сакаат да им овозможат да го направат тоа преку платформата.

„Меѓуграничните региони на Македонија и Албанија изобилуваат со традиции и занаети, кои иако можеби ја немаат истата важност како претходно, би биле исклучително интересни да се споделат со туристите од другите земји. На тој начин го зачувуваме културното наследство и се промовираме пред светот како народ достоинствен и вреден да се посети. Имаме природни ресурси на мала површина, на која може да ни позавидат далеку поголеми држави од Европа и светот, додава Василевска.

Тие потенцираат дека туризмот дефинитивно е приоритет во економијата и тој мора да се развива одржливо, градовите првенствено да бидат “живи” за луѓето во кои живеат, а потоа да се изнајдат форми на туризам кои нема да го загрозуваат секојдневниот живот, и нема да ја уништуваат природата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот