Потрага со среќен крај: По 8 години од исчезнувањето во Рим, пронајдено момче и вратено дома (ВИДЕО)

Благодарение на телевизиска емисија Фернандо е пронајден во Џенова каде живеел како безбедомник заедно со своето куче.

По 8 години во Италија е пронајдено дете, сега веќе момче, кое исчезнало во мај 2012 година.

Фернандо Василе, кој живеел со својата мајка во предградие во Рим, имал 16 години кога исчезнал на патот од училиштето до дома и за него немало никакви вести цели 8 години и покрај потрагите на полицијата и карабинерите, објави дневниот весник Авенире.

Минатата недела, популарната емисија на телевизијата РАИ „Кој го видел“ (Chi la visto) емитуваше прилог, по молба од семејството, за исчезнатото момче, со неговата слика кога бил тинејџер.

Редакцијата добила десетина дојави дека момчето е видено во Џенова, а сопственик на една продавница, кој го препознал ја информирал редакцијата за точното место каде се наоѓа момчето. 

 

Утврдено е дека Фернандо, сите овие години живеел како бездомник во различни делови од Италија, а во последно време во Џенова, каде во центарот на градот, живеел на отворено со своето куче, пишува Авенире.

Оние кои го препознале тврдат дека бил мирен и љубезен, дека не пиел и не се земал дрога, и дека луѓето му носеле храна за него и за кучето.

Откако е пронајдено, сега веќе 24-годишното момче е однесено во куќата на вујкото кој живеел недалеку од Џенова.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот