Потрага по 37 лица кои избегале од болница со сомнение дека имаат коронавирус побегнале од болница во Авганистан

Фото: EPA-EFE/SAYED MUSTAFA

 Најмалку 37 лица со сомнение дека имаат коронавирус побегнале од болница во Херат во западен Авганистан, извести портпаролот на министерот за здравство на Авганистан.

Луѓето биле во изолација, а во бегството од болницата им помогнале роднини, откако го претепале персоналот на болницата, изјави портпаролот Вахидулах Мајар.

Мајар, исто така, ја критикуваше полицијата бидејќи не преземала ништо за контрола на ситуацијата.

Во меѓувреме портпаролот на гувернерот на Херат, Фахрад Џелани истакна дека едно од лицата кои се во бегство е позитивен на коронавирусот.

Власта на Авганистан успеа да пронајде седум од лицата кои избегале и да ги врати во болница. Потрагата за останатите продолжува.

Луѓето кои побегнале од болницата неодамна се вратиле од Иран, наведува авганистанското министерство за здравство. к

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот