Потпретседателот Пенс е негативен на коронавирусот

Фото: Принтскрин

Американскиот потпретседател Мајк Пенс и неговата сопруга Керен се негативни на коронавирусот, изјави портпаролот на Пенс, неколку часа откако претседателот Доналд Трамп соопшти дека тој и првата дама се позитивни на ковид-19.

Потпретседателот Пенс е во добро здравје и му посакува на Трамп брзо закрепнување“, изјави Девин Омали, портпаролот на Пенс. „Како што е рутина, потпретседателот Пенс е тестиран на ковид-19 секој ден“.

Пенс би го заменил претседателот Трамп, доколку тој не е во состојба да ги врши претседателските должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот