Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски е оптимист за лидерска средба пред 10 мај

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „360 Степени“ на Алсат вечерва, рече дека очекува лидерската средба којашто ја бара претседателот на опозициската партија, да се случи во деновите пред 10 мај, од кога Мицкоски ја најави блокадата на Собранието.

„Јас сѐ уште мислам дека ќе имаат доволно свесност до вторник, вторник е 10 мај и дека во текот на викендов ќе се случи таа лидерска средба на којашто ќе договориме датум за предвремени избори и во овие четири клучни сектори ќе почнеме да наоѓаме решенија за доброто на Македонија“, вели Николоски.

Блокада на Собранието е првиот чекор и ќе следуваат уште многу други, „доколку власта на СДСМ и ДУИ не се вразуми“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е во континуирана политичка криза, а сега и економска и национална криза. Економската е заради катастрофата во економијата предизвикана пред се од домашната неспособност и од корона пандемијата и војната во Украина, а национална заради ова што со Бугарија. Во исто време погазена е волјата на народот особено после локалните избори каде што ВМРО-ДПМНЕ беше убедлив победник и тоа зборува дека власта треба да си замине“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот