Потпишани договорите за поддршка на младите земјоделци

Турските инвестиции во земјава надминаа една милијарда евра, но има потенцијал за натамошни вложувања особено во обновливи извори на енергија/ Фото: МИА

Максималниот износ на поддршката е 10.000 евра, а во наредните денови треба да бидат склучени сите 102 договора од повикот.

Во Министерството за земјоделство денеска беа потпишани првите договори од вториот повик за неповратна поддршка на млади земјоделци кои почнуваат земјоделска дејност.

Максималниот износ на поддршката е 10.000 евра, а во наредните денови треба да бидат склучени сите 102 договора од повикот.

Како што истакнаа министерот, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, проекти и бизнис планови од млади земјоделци има во сите региони. Ќе се набавуваат опрема за преработка, машини, но и добиток, како и пчели.

– Со оваа мерка им излегуваме во пресрет на младите земјоделци, на младите во руралните средини кои се наш приоритет. Би нагласил дека со последните законски измени поддршката од 10.000, ќе се зголеми двојно, на 20.000 евра, рече Димковски.

Според Бабовски, на само двата повика за млади земјоделци објавени досега, склучени се 526 договори за инвестиции, а тоа подразбира и отворање работни места.

– Само со вложување во младите ќе го спречиме нивниот одлив надвор од државата, истакна Бабовски.

Оливера Цветковска од скопско Стајковци која е невработена и има два хектара пластеници, изјави дека со добиените средства, освен што планира да го прошири производството, ќе купи и пчели, а ќе почне да се занимава и со органско земјоделство.

– Апликацијата за поддршката не е многу сложена. Побаравме помош од Платежната агенција при пополнување на потребните формулари. Соработката беше одлична. Ако некој сака да успее, ќе се потруди, рече Цветковска.

Министерот Димковски и директорот Бабовски наскоро го најавија третиот повик проектиран на поддршка до 20.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот