Потпишан регионалниот договор за укинување на роамингот во Западен Балкан

Земјите од Западен Балкан потпишаа договор за целосно укинување на роамингот.

На вториот дигитален самит во Белград денеска потпис на договорот ставија претставници на владите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Од ова лето цените на телефонските разговори и интернет услуги на граѓаните од Македонија во земјите од Западен Балкан првично ќе бидат намалени, а планот е до средината на 2021 година да бидат целосно укинати.

Ќе се тарифираат по стандардните цени кои се користат во матичната држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот