Потпишан Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии на земјите од Западен Балкан

Љупчо Николовски /фото Фејсбук

Корупцијата и криминалот не познаваат граници. Мораме да бидеме единствени во заложбите кои ги преземаме на национално и регионално ниво. Ова е заедничка инвестиција со која ќе изградиме подобар и просперитетен регион, целосно интегриран во Европската Унија, истакна вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на денешната конференција во Охрид на која ќе биде усвоен „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии”.

Патоказот е дел од Берлинскиот процес, инициран заради взаемна соработка во борбата против заедничките предизвици, со партнери кои се подготвени да дадат поддршка, независно кога и за што таа да е потребна и според него, е значаен чекор во битката, која бара силна поддршка, вклученост и максимална регионална соработка.

 

Патоказот, како што истакна Николовски, ги вклучува и разработува препораките содржани во извештаите на Европската комисија и ЕУ директивите со посебен акцент на перењето пари, конфискацијата на имотот и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

-Ние земјите од Западен Балкан имаме една заедничка цел, а тоа е преку спроведување на системски реформи и комплетно прифаќање на демократските вредности, владеењето на правото и правната држава да бидеме дел од европското семејство. И Северна Македонија има силна заложба во тој правец, а токму борбата со корупцијата е еден од клучните приоритети на оваа Влада, нагласи Николовски.

Коруптивните дејствија, додаде, се транснационален проблем и прашање, кој е погубен за напредокот на демократските општества и бара заедничка акција и соработка на сите вклучени страни.

-Нашата политичка волја и напор за спречување на корупцијата е јасно и недвосмислено да чекориме по патот, по кој целиот демократски свет очекува да се развива иднината на сите земји во регионот, да создаваме општество во кое нема да има место за корупцијата, во кое ќе се почитува правото и заштитата на човековите права на секој граѓанин, рече Николовски.

На конференцијата, покрај Николовски, свои обраќања имаа и министрите за внатрешни работи и за правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, амбасадорите на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј и на Германија Анке Холштајн, претставникот на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал Александре Шмит, министри за внатрешни работи, безбедност и правда од Западен Балкан.

 

Борбата против корупција и нелегалното финансирање, според министерот Спасовски, опфаќа широк спектар на области на дејствување и повеќе засегнати страни на национално, регионално и на меѓународно ниво.

-Координирањето на ангажманот во сите овие области и на сите овие засегнати страни би било обемно и нецелисходно, но еден насочен пристап, со утврдени заеднички приоритети, при што нивната реализација ќе се одвива постепено, е нешто што би било поефективно и реално изводливо. Токму овој пристап и го усвојуваме со документот што денеска ќе го одобриме, испорачувајќи регионален патоказ, кој се фокусира на подобрување на имплементирањето на постојните мерки за борба против корупција и нелегално финансирање, преточени во неколку приоритетни области, мапирајќи и разбирајќи ги идентификуваните недостатоци што ќе ги адресираме преку насочена акција, рече Спасовски.

Основата за патоказот, додаде, се постоечките меѓународни стандарди, препораките на Оперативната група за финансиска акција, Експертскиот комитет на Советот на Европа за оценка на мерките против перење пари и спечување финансирање на тероризмот, препораките на групата држави против корупција на Советот на Европа, Конвенцијата за борба против корупција на Обединетите нации и условите кои треба да ги исполниме за пристапување кон ЕУ.

-Секој почеток е тежок. Почетокот што го иницираме сега е доказ дека постои подготвеност и, пред сѐ, политичка волја за сузбивање на корупцијата и нелегалните финансии во регионот на Западен Балкан и тоа преку вистинска регионална сопственост, нагласи министерот за внатрешни работи.

 

За министерот за правда, Маричиќ, криминалот и корупцијата се меѓу најголемите предизвици со кои се соочуваат современите општества.

-Ако се осврнеме на разноликоста на организираниот криминал и корупцијата во сите нивни форми, како и нивната позиционираност во високите слоеви во општеството станува јасно зошто е широка распространетоста на оваа општествена девијација опфаќајќи ги дури и институциите на прогонот и судовите со што дополнително се усложнува борбата со овој феномен, рече Маричиќ.

Организираниот криминал и корупцијата, како што нагласи, за жал долго време беа синоним за секоја држава во регионот.

-Земјите од Западен Балкан се повеќе или помалку со слична положба и слични или исти предизвици во однос на ова прашање. Ова е општествен проблем, кој не се решава преку ноќ. Проблемот е системски и за негово решавање потребно е време. Борбата со корупцијата е континуирана и затоа остануваме цврсто на нашата определба и приоритет. Тоа е наша обврска бидејќи граѓаните заслужуваат демократија и европски стандарди дома во секоја држава во регионот, посочи Маричиќ.

Борбата против корупцијата, нагласи, останува стратешки приоритет.

-Должни сме да градиме систем во кој ќе има ред и дисциплина. Систем во кој институциите се функционални, а службите ефикасни. Одговорноста е на сите нас што сме денес тука за секоја држава. Мораме да чекориме напред кон подобра иднина за нашите граѓани и за напредок во евроинтеграциите на државите, додаде министерот за правда.

Патоказот против корупцијата и нелегални финансии ќе се фокусира на неколку клучни области како што се јавните набавки, системите за обелоденување на имот, приходи и камати и создавањето на специјализирана оперативна мрежа на обвинители за корупција и економски криминал, агенциите за спроведување на законот и единиците за финансиско разузнавање во регионот. Оваа мрежа ќе се фокусира на проактивно таргетирање на типологиите на криминал како што се кривичните дела за корупција, криумчарење пари, перење пари преку секторот за недвижнини, корупција во спорт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот